Термоелектричен хотелски минибар ладилник, модел HS-40G со стаклена врата и лед осветлување, од линијата на грчкиот производител Saimon Bros.
Неговата безвучност и ниската потрошувачката на главните карактеристики кои го прават подобар избор во споредба со обичните минибар ладилници на пазарот.
Термоелектричен систем
Овие ладилници работат на принцип познат како Peltier ефект, каде се користи струја за да создаде температурна разлика помеѓу двете страни на елементот, при што едната страна станува ладна, а другата страна на елементот се загрева. Оваа температурна разлика овозможува ладење без потреба од компресори или други традиционални методи на ладење. Тоа значи многу помала потрошувачка и целосно бесшумно работење.